Свет

Се намалија цените на „црното злато“

Се намалија цените на „црното злато“

Цените на нафтата забележаа намалување откако американските Федерални резерви порачаа дека од следниот месец ќе почнат да го намалуваат обемот на програмата за купување на обврзници.

Оваа одлука на ФЕД доаѓа откако американската економија покажала знаци на подобрување.

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на берзата во Њујорк поевтини за 20 центи на 98,84 долари за барел, додека истата количина нафта од типот „брент“ за испорака во февруари на пазарот во Лондон чинела 109,88 долари, односно 41 помалку одошто на крајот на вчерашното тргување.

ФЕД соопшти дека од јануари ќе го намали обемот на монетарните поттикнувања за 10 милијарди на 75 милијарди долари месечно, поради подобрување на економските услови.

Покрај тоа, централната банка ветила дека каматните стапки останале ултра ниски и по остварување на целта невработеноста да се намали под 6,5 отсто.