Се намалија цените на нафтата

Цените на нафтата забележаа пад, по утврдување на профитот кој што следел по неодамнешниот раст на цените, додека враќањето на либиската нафта ги зголеми резервите и ја намали побарувачката.

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поевтини за седум центи на 92,52 долари за барел, додека истата количина на северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во лондон чинела 106,22 долари, односно за 17 центи помалку.

На движењето на цените на нафтата влијаеле податоците од САД, каде малопродажбата во декември порасна за 0,2 отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Малопродажбата е дел од домашната потрошувачка, која е најголем двигател на најголемата светска економија.