Се намалува бројот на малолетничка деликвенција во Охрид

Во 2014 година бројот на малолетничката деликвенција и на малолетници евидентирани како сторители на казнени дела е намален.
Според аналитичките податоци, лани регистрирани се 24 малолетници како директни извршители на кривични дела во Охрид, што претставува намалување во однос на 2013 година кога 31 малолетно лице биле евидентирани како извршители на кривични дела.

-Минатата година, регистрираните малолетници сториле вкупно 37 кривични дела во Охрид односно 36 во текот на 2013 година. Малолетници повторници во малолетничката деликвенција лани биле пет лица односно шест во 2013 година.  Малолетниците, во 2014 година сториле 22 кривични дела ,,Тешка кражба“; 10 кривични дела,,Кражба“; едно кривично дело „Разбојништво“; две кривични дела ,,Тешка телесна повреда; едно кривично дело ,,Силување“ и едно кривично дело ,,Учество во тепачка“. Кривичните дела, најчесто ги вршат самостојно, а во помал број случаи се организираат во помали групи, соопштуваат од СВР Охрид.

Во рамките на своето превентивно работење, СВР Охрид и годинава ќе ги интензивира напорите за понатамошно намалување на малолетничката деликвенција. Напорите ќе бидат насочени кон поголемо ангажирање и проектни активности со ,,Локалниот совет за превенција од малолетничко претстапништво“, со образовните центри, со советодавните групи граѓани, со родителите, старателите како и останатите институции