Се намалува бројот на нови случаи на грип

За 30 отсто е намален бројот на новозаболени лица од грип, во период од 10-ти до 16-ти овој месец, во споредба со минатата недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Намалување од 13,8 отсто се забележува и кај бројот на нови случаи на грип во однос на истиот период лани.

Во изминатиот период беше регистриран еден смртен случај на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје, во возрасната група лица над 65 години. Вкупниот број смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип оваа сезона сега изнесува 11.