Се намалува бројот на заболени од грип во Штип

штип

Втората недела од Новата година имаме намалување за половина во однос на првата недела, односно 239 случаи со 590 во првата недела од новата година, вели Грков.

Портпаролот на штипската Клиничка болница Марина Шуманска, денеска информираше дека  на Инфективното и на Детското  одделение намален е бројот на хоспитализирани пациенти заболени од грип. На инфективното одделение згрижени се 13 пациенти, кои имаат хронични болести, дијабетес, срцеви заболувања и бронхо-пневмонија, а на детското одделение бројот на деца кои се хоспитализирани е од два до три случаи.

Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Грков сепак апелира со почетокот на второто полугодие на учебната 2016-2017 година, децата кои се болни од грип да седат дома и да не одат на училиште со цел да се спречи ширењето на сезонскиот грип.

Во училиштата меѓу секој одмор да се проветруваат просториите, да се одржува хигиена на рацете на децата, да се дезинфецираат просториите и ходниците и кваките на вратите, рече Грков.

Во сите основни, средни училишта и градинки направена вонредна дератизација и дезинсекција пред почетокот на второто полугодие, кое почнува на 23 јануари.