Се намалува каматната стапка за „Купи куќа, купи стан“

Ќе се намали каматната стапка за проектот „Купи куќа, купи стан“. Следната недела ќе работиме на измена на законот со кој треба да се намали каматната стапка за овој проект, истакна премиерот Груевски и додаде има голем број проекти за младите, од кои некои ќе се спроведат веднаш, а дополнителни сет мерки се предвидени за во иднина.

Премиерот потенцираше дека на примателите на социјална помош ќе им биде овозможено бесплатно правење на елаборати за диви градби, а има и голем број други мерки.

– Една од тие мерки која можеби дава најдобри резултати е онаа за вработување на млади лица до 29 години. Првите 12 месеци работодавачот не плаќа давачки со услов да ги задржи вработените во наредните 2 години, истакна премиерот.

Тој додаде дека во четврток студентите ќе добијат бесплатен превоз, бесплатно ќе се возат на жичарница, ќе можат бесплатно да посетуваат музеи, и кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.