Се намалува невработеноста во еврозоната

Стапката на невработеност во еврозоната, во февруари паднала на 11,9 отсто – покажуваат денешните објавени податоци на европската служба за статистика, Евростата.

Во февруари во еврозоната имало 18,96 милиони навработени, што е за 35.000 помалку во однос на јануари и за 166.000 помалку во однос на една година претходно.

Најниска стапка на невработенсот е регистрирана во Австрија (4,8 отсто), потоа во Геманија (5,1 отсто) и во Луксембург (6,1 отсто).

Сепак, невработеноста во Грција, во декемви била 27,5 отто, додека во Шпанија во февруари е регистрирано  25,6 отсто лица без работа.

Минатата година, пазарот на труд во Кипар претрпел сериозна штета, бидејќи стапката на невработеност во февруари пораснала на 16,7 отсто од 14,7 отсто во истиот месец минатата година.

Невработеноста во Холандија, исто така се зголемила од 6,2 отсто во февруари 2013 на 7,3 отсто во оваа година.

Во Ирска и Португалија забележано е подобрување на ситуацијата, па така невработеноста во Португалија во февруари паднала на 15,3 отсто, а во Ирска од 13,7 отсто минатата година, стапката на невработеност паднала на 11,9 отсто, годинава.

Во целата Европска унија, невработеноста во февруари се намалила  на 10,6 отсто, споредбено со 10,7 отсто претходниот месец.