Се напиле, па силувале дете

Три лица од Краљево се уапсени поради сексуално злоставување на тринаесетгодишно девојче.Осомничените, девојчето го пресретнале со автомобил во селото Врба на патот Краљево-Врњачка Бања, ја вовлекле во возилото и ја приморале на орален секс.

Нападот се случил на 26 јуни околу 21 часот кога девојчето тргнало до продавница.

„Тројцата биле во алкохолизрана состојба. Кога го виделе девојчето застанале и тогаш еден од нив кој седел позади излегол, го фатил девојчето и го вовлекол на задно седиште. И се заканил со неколку удари и ја злоставувал,“ изјавил соговорник за Блиц.

Момчињата на 19 и 21 годишна возраст се во притвор, а против нив ќе биде покрената кривична постапка заради силување на малолетничка.