недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Се наполни детското одделение во кавадаречката болница

Вирозите го наполнија Детското одделение од болницата во Кавадарци, каде во моментов се хоспитализирани 22 деца.

болница

Поврзани вести

Задржани се најчесто деца со респираторни заболувања, вирози и бронхопневмонии,  а дечињата кои имаат малку полесна клиничка слика се праќаат дома. Одделението е преполно и нема повеќе слободни места, вели доктор Мирјана Шемова, педијатар.

Зголемувањето на бројката на грипозни го потврди и епидемиологот Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци. За утре, тој најави и поконкретни информации во врска со бројот на заболени од грип оваа сезона.

Најчитани вести