Македонија

Се нормализираше сообраќајот на „Александар Велики“

Се нормализираше сообраќајот на „Александар Велики“

Повторно слетуваат и полетуваат предвидените летови на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Утрово густата магла го отежна сообраќајот, по што беа откажаните утрински летови од и за Истанбул.

Околу 11 часот слета авионот на „Пегасус“ од Истанбул, во очекување се и планираните слетувања од  Виена и од Лондон, а во тек се активности за полетувања кон Истанбул, Виена и Тревизо.