Се обеси 11-годишно момче во Куманово

Од СВР Куманово потврдуваат дека станува збор за самоубиство на малолетно дете што се случило во семеен дом на улицата Ѓорѓе Петров во населбата Перо Чичо.

Како што соопштија надлежните, момчето било затекнато починато во соба. На вратот имало платнен ремен од јакна врзан за рачки од витрина.

Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итна медицинска помош во Куманово.