Се обеси 25-годишно момче од Кавадарци

Голема трагедија вчера ги вознемири граѓаните на Кавадарци. 25 годишно момче, вчера попладне околу 17 часот е пронајдено мртво во својот стан во градот.

Според првичните и се уште неофицијални информации, момчето си го одзело животот со бесење.

Од МВР за Press24 ја потврдуваат информацијата. Од таму велат дека имале пријавен случај на самоубиство, но не откриваат повеќе детали.

Идентитетот на момчето и е познат на нашата редкација, но со оглед на тоа дека најверојатно станува збор за самоубиство нема да го објавиме.

Се уште нема информации од кои причини 25 годишното момче се решило да си го одземе животот.