Свет

Се обеси пратеник од украинската „Партија на регионите“

Се обеси пратеник од украинската „Партија на регионите“

Пратеникот од украинската „Партија на регионите“, Виктор Палагуга се обесил во својот работен кабинет во градот Краматорск, пренесува „УНИАН“.

Палагуга не оставил прoштално писмо.

Според неофицијални податоци, во последно време органите на редот вршеле истрага за комуналното претпријатие „Мост“, на кое тој бил директор, па евентуалнитие прекршоци во него можеби се причината за неговото самоубиство.

Полицијата спроведува темелна истрага за откривање на мотивите што го предизвикале овој настан.