Се обидел да изнесе 105.000 евра од преминот Ќафасан

Се обидел да изнесе 105.000 евра од преминот Ќафасан
Се обидел да изнесе 105.000 евра од преминот Ќафасан

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата.

Вчера за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години).

На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените 2 илјади евра, а во рачната торба која ја носел преку рамо уште 105 илјади евра за кои лицето не поседувало никаков документ.

sporttasnaa

Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра, па според тоа, толкав износ му е вратен, додека 105 илјади евра се одземени.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.