На 11.10.2014 година во 01,50 часот на ГП-Табановце, на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на С.С.(1991) од Р.Албанија, кај униформираниот полициски службеник се јавило основано сомнение дека патната исправа не е на лицето кое ја употребува.
Поради основ на сомнение дека лицето се послужило со туѓа ПИ, извршен е преглед над лицето и багажот, при што кај истиот е пронајдена неговата оригинална албанска л.к. со неговиот вистински идентитет, на име Х.А.(1982) од Р.Албанија. Известен е надлежен инспектор, по чии инструкции лицето е задржано за понатамошна постапка.