Се обидел да влезе во кокпитот на авион на „Луфтханза“ и да го сруши

Јордански државјанин со американски пасош се обидел да упадне во кокпитот на авион на Луфтханза на лет од Франкфурт од Белград, но бил совладан од патниците, јавуваат белградските медиуми, јавува „Танјуг“.

Авионот безбедно слетал во Белград, а полицијата проблематичниот патник го префрлила во полициската управа на Белград, каде во тек е негово сослушување.

Драмата започнала на небото над Австрија, кога Јорданецот се заканил дека ќе ја отвори вратата на авионот. Тој прво почнал да тропа на вратата на кокпитот.

Сепак, прибраните патници успеале да го совладаат, па авионот безбедно слетал во Белград во 12.45 часот.

По завршувањето на драмата, според првичните информации, екипажот на авионот не пријавил  вонредна ситуација, туку авионот без проблем слетал на аеродромот во Белград.

Српски „Курир“ пишува дека се работи за американски државјанин со име Лакен, што е со потекло од Јордан кој се обидел за времето на летот да отвори врати и да го сруши авионот.

Весникот наведува дека меѓу другите биле и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.