Балкан

Се обиделе да го урнат банкарскиот систем во Бугарија

Се обиделе да го урнат банкарскиот систем во Бугарија

Еден 30-годишен човек на бугарската полиција и ги открил плановите на организираната криминална група која имала намера да го урне банкарскиот систем во земјата. Тој ја исконтактирал полицијата откако прочитал за подоготовките за напад на банките во еден „чет“ разговор во група од 50-тина лица, кадешто бил додаде од негов пријател.

Полицијата сериозно го сфатила предупредувањето и отпочнала акција. Отвориле посебна линија на која од граѓаните добиле информации дека на нивните телефони добивале СМС пораки, а на електронската пошта – писма со предупредувања за состојбата во банките. Зад целата шема стоел еден инвестициски посредник.

Во петокот од Првата инвестициска банка во Бугарија биле повлечени 800 милиони евра (околу 400 милиони евра), што е рекорд за една финансиска институција во Бугарија. Се смета дека во целата операција учествувале и два интернет сајта, од кои едниот е за сензационалистички информации.