Се очекува подобрување на трговијата на мало

трговијата

Количината на залихите е незначително намалена во однос на  претходното тримесечје. Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2016 година  слабата побарувачка на купувачите со 22,2 отсто, зголемената конкуренција со 19,9 отсто и зголемената понуда на пазарот со 18 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.