Се очекува излевање на Калиманци, критично во населените места по течението на Брегалница

Состојбата во кризните пордачја по вчерашните врнежи беше разгледана на денешниот состанок на Координативното тело.

Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип.

Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти.

Се апелира до сите жители на овие места да се обратат до Општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување.

Координативнотот тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции и самите граѓани.