Се очекува ново гол-шоу од Холандија

После историскиот триумф над селекцијата на Шпанија, репрезентацијата на Холандија денеска ќе се обиде да забележи убедлив триумф во дуелот против најголемиот аутсајдер во групата “Б”, националниот тим на Австралија.

Со евентуалниот триумф, кој е за очекување, популарните „лалиња” и математички ќе обезбедат пласман во 1/8 финалната рунда, а нов гол шоу, се очекува од најголемите ѕвезди во холандскиотц дрес, Ариен Робен и Робин ван Перси.

„Можно е да има промена во системот, во формацијата. Овој тим е доволно квалитетен, подготвен е на секаква промена. Не се опуштивме после убедливата победа над Шпанија, работевме напорно во изминатите неколку дена и сакаме со новата поуда да го чекираме 1/8 финалниот билет. Кога е во прашање почетниот состав, мислам дека тука ќе нема никакви промени, тие кои играа против Шпанија одлични си ја завршија работата”, изјави предводникот на Холандија, Луи ван Гал.

Дуелот помеѓу Холандија и Австралија стартува во 18:00 часот.