Балкан

Се очекуваат нови потреси во Кефалонија

Се очекуваат нови потреси во Кефалонија

Грчките сеизмолози денеска соопштија дека по земјотресот со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала, што ноќеска го погоди јонскиот остров Кефалонија, очекуват серија вторични потреси, од кои некои би можеле да бидат со јачина и до 4,6 степени, јавува МИА.

Земјотресот на Кефалонија, при кој нема жртви и не е причинета материјална штета, според атинскиот Институт за геодинамика, бил со епицентар на 283 километри од Атина и на осум километри јужно од градчето Аргостоли, на длабочина од пет километри под морското дно.

Според сеизмолозите, земјотресот се должи на сеизмички поместувања предизвикани од потресите што го погодија регионот во февруари годинава. Тие предвидуваат интензивирана сезимичка активност во регионот на Кефалонија во следните неколку дена.

На истиот остров завчера беше регистиран земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Во 1953 година Кефалонија беше погодена од потрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала.