Македонија

Се очекуваат нови врнежи од снег, но и дожд

Се очекуваат нови врнежи од снег, но и дожд

Преодниот влажен бран ќе започне како дожд особено во северните делови од земјата, но потоа врнежите ќе бидат од снег. Нема да наврнат поголеми количества, а врнежите ќе престанат до вторник.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на снежни наноси и голомразица по патиштата.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено на повисоките места.

Од сабота дневните температури насекаде ќе се позитивни и ќе започне да се зголемува облачноста.