Се одбележуваат 11 години од атентатот на Зоран Ѓинѓиќ

Пред единаесет години, на влезот на зградата на Владата на Србија, убиен е првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ.

Српските медиуми јавуваат дека и овој 12-ти март ќе биде одбележан со низа манифестации.

Ѓинѓиќ, како што потсетува Б92, беше убиен на 12-ти март 2003 година околу 12,25 часот. Владата на Србија неколку часа по убиството прогласи вонредна состојба. Како извршители веднаш се осомничени припадниците на земунскиот криминален клан. Тоа го потврдувше и фактот што било планирано тој ден, како што Владата подоцна соопштила, да се потпише налог за апсење на одреден број припадници на таа криминална група.

1312395103531f994b86d02082509396_v4 big

За време на вонредната состојба во Србија, која траеше се’ до 22 април, во полициската акција „Сабја“ уапсени се 11.665 лица,  меѓу кои и партиски функционери, високи воени офицери, носители на правосудни функции и естрадни ѕвезди, а некои од нив минаа одредено време и во притвор. Осомничените како главни во организирањето на убиството на премиерот Ѓинѓиќ беа некогашниот командант на распуштената Единица за специјални операции Милорад Улемек Легија и припадници на земунскиот клан на Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум. Кум и Шиптар се убиени на 27-ми март во обид да бидат уапсени од полицијата.

Во полициската акција „Сабја“ уапсен е непосредниот извршител на убиството  Звездан Јовановиќ, како и неколку членови на распуштената ЈСО, но и бројни припадници на земунскиот клан.

Во 2003 година покренато е обвинение против 44 лица за учество во организирано убиство, а судењето почна 22 декември 2003 година во Окружниот суд во Белград. Тие на 23 мај 2007 година беа прогласени за виновни и осудена на вкупно 378 години затвор.

Политичката позадина за убиството на Ѓинѓиќ не беше откриена.

Покојниот премиер беше еден од лидерите на Демократската опозиција на Србија (ДОС) и „5 октомври“  револицијата која го симна од власта Слободан Милошевиќ.

Според оценките на американскиот неделник „Тајм“ Ѓинѓиќ е еден од 14 водечки европски политичари на третиот милениум.