Се одбележуваат илјада години од основањето на Охридската архипеископија

Централната свеченост во рамки на манифестациите за одбележувањето на Илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија ќе се одржи вечерва од 18,30 часот во катералната црква „Света Софија“ во Охрид, а Свечената академија ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На Свечената академија е предвидено обраќања да имаат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија господин господин Стефан, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, како и премиерот Зоран Заев.

Претседателот Иванов вечерва ќе се обрати на Свечената академија по повод јубилејот „Илјада години Охридска архиепископија“, што ќе се одрживо Катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот „Илјада години Охридска архиепископија“, во периодот од мај до декември 2018 година, ќе бидат реализирани низа научни, академски собири, како и спортски, културни и уметнички активности.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски, најавувајќи ја програмата посветена на значајниот јубилеј, истакна дека се работи за извонредно значаен настан – одбележување еден милениум од постоењето на една важна црковна и духовна организација, која го обединувала народот и му помогнала да премости многу тешкотии од најразлични временски епохи.

Највиските државни инстутиции заедно со локалните власти и МПЦ имаат изготвено пригодна програма со цел достојно да се одбележи јубилејот, а истовремено да побуди интерес кај сите возрасни категории. Активностите се распределени да се одржуваат од саботата па сѐ до крајот на календарската година, во чии рамки се предвидени ликовни колонии, промоција на научни дела, емисии на серии пригодни поштенски марки, монети, училишни конкурси, издавање значајни публикации, организирање научни академски собири, па и спортски активности осмислени да го привлечат вниманието на пошироката јавност.

Првата содржина од програмата посветена на јубилејот е големиот концерт на хорот „Света Злата Мегленска“ кој се одржа во саботата вечерта на Градскиот плоштад во Охрид.

Централната свеченост ќе се одржи се одржува денеска од 18.30 часот во катедралната црква Света Софија во Охрид, со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, како и претставници на највисоките државни институции во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе биде збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Филхармонијата во чии рамки ќе настапат и хоровите од братствата на манстирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“, под дирегентска управа на маестро Борјан Цанев. На програмата се преработки и аранжмани на композиции со тематика од македонските тропари.

Во галеријата на Света Софија ќе биде отворена и изложба на уметнички портети на македонските архиепископи.

Одбележувањето на значајниот јубилеј продолжува веќе во понеделник, со литургиско чествување што ќе се одржи во Света Софија од 9 часот, на кое е најавено присуство на највисока државна делегација.