петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Се одложува чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, закажана за денеска се одложува за утре.

sveti-kliment

Последни вести

Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, закажана за денеска се одложува за утре.

Според програмата, во 12 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид каде ќе биде отворена изложба на копии на фрески насловена „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.

Во 21 часот во Домот на културата „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи свечена академија посветена на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Македонската академија на науките и уметностите изрази длабоко жалење и сочувство до   семејствата на настраданите во невремето во скопскиот регион.

Најчитани вести