понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 17

Сe одржа четвртата манифестација „Прв до врв“

Најбрзите и најупорните стигнаа на врвот на Водно.

Последни вести

Денеска, на Водно, се одржа четвртата манифестација „Прв до врв“ на која учествуваа многу спортисти и рекреативци.

„Од година во година, Прв до врв е се помасовен, но ова што се случи денес, е најимпресивната слика што може да ја замислиме во поглед на бројот, позитивноста и убавината што ја носат сите овие луѓе. Водно врие од луѓе, цел што сакавме и ја постигнавме. Впрочем, Прв до врв се токму сите овие луѓе што се искачија на Водно со планинарење, трчање и возење велосипеди“, вели Александар Георгиевски од Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Годинава, за прв пат, манифестацијата ја поддржа и светскиот автомобилски бренд „Ford“, кој ги презентираше возилата кои го претставуваат динамичниот и еколошки дух на брендот Ford. Според Предраг Николовски, маркетинг менаџер во компанијата, учеството на Ford на оваа манифестација потврдува дека оваа компанија се грижи за животната средина.

„Мора да бидеме општествено одговорни како личности и како компании. Ние сме партнери на оваа манифестација затоа што се грижиме за животната средина во која живееме, на тој начин што во нашите возила се вградени најеколошките мотори како EcoBoost, EcoBlue, а тоа се мотори со најмала емисија на јаглерод диоксид“, вели Николовски.

Ивета Алексиева и Даниел Јаковлески се победници во друмски велосипедизам. Први на врвот во трката Планински велосипедизам пристигнаа Цвета Кушовска и Александар Ѓуровиќ. А најбрза во планинско трчаење беше Марија Стојановска.

По трките се одржа и пикник и еко музички фестивал на кој настапија Бета Хаус, Слаткаристика и Ди-џеј Гоце САФ.

Најчитани вести