Се одржаа квалификациите за „Скопје круг 2017“ (ФОТО)

Фотографии: Ратко Додевски

Во саботата по пауза од седум години се одржаа квалификациите за трката „Скопје Круг 2017“, на кое пред илјадници гледачи Ѓорѓи Наков го оствари најдоброто време во квалификациите од кружната трка која се одржува викендов во главниот рад.

Македонскиот автомобилист Ѓорѓи Наков од АКК „Никола Карев“ го извози најбрзиот круг со време 1:20.187 минути, пред српскиот натпреварувач Владимир Миличевиќ од АСК Железник (1:20.407) и Димитри Кимовски од КВ „Рејсинг Краљево“ со време 1:20.574.

По најдобрата тројка следуваа: Филип Џуклески, Филип Василевски, Никола Попевски, Михајло Лазаревски, Мартин Делев, Мартин Кралевски, Исмаил Османи (Косово), Коста Николовски и Марјан Ивановски.

Во однос на класите, резултатите се следните: К1: Георги Наков, К2: Зоран Делев
К3: Перпарим Души, К4: Влатко Симоновски, К5: Давид Малинковски и К6: Ненислав Петковиќ.

Прекрасното време беше само дополнителен изговор да има навистина многу посетители на денот на квалификациите за „Скопје Круг“. Утрешните трки почнуваат во 12 часот.