Се одржа Меѓународен натпревар во спортски риболов

На акумулацијата Стрежево, во близина на селото Лера а во организација на Здружението на риболовци „Црна Река“ од Битола се одржа Меѓунароред меморијален Куп во спортски риболов „Црна Река 2014“.

„ По 19 пат се одржува Куп Битола во риболов, а по 8 ми пат Меморијален Куп. Натпреварот трае 4 дена а учество зедоа 9 екипи од Македонија и екипи од Србија“- изјави Димитар Михајловски претседател на ЗРРЕСК Црна Река 129

Овај натпревар се одржува во соработка на Општина Битола и ЈП Стрежево

„Оваа година вложивме максимални напори за да дадеме особен птридонес за продолжување на оваа долгогодишна спортска традицијата која што секогаш се одржува во водите на акумулацијата Стрежево“, изјави Александар Вангеловски, ЈП Стрежево, Битола

По истекот на ловењето натпреварот заврши. Се пристапи кон мерење на уловот на секој поединец.Потоа на најдобрите во поединечна и групна конкуренција им беа доделени дипломи и пехари.

„ Принципот си е по правила по грамажа на уловот има судии на натпреварот. Секогаш ги наградуваме најдобрите, и годинава ќе добијат награди“, додава Михајловски

На ова дружење не беа заборавени и ветераните на Здружението Црна Река од Битола. На највозрасните членови им беше доделена и благодарница за долгогодишна работа во Здружението и развој на спортскиот и рекреативниот риболов.