Се одржа работилница за родово насилство

Од 23 до 25 септември, во Скопје, се одржа работилница за родово насилство во организација на Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата за врски на италијанската полиција при Амбасадата на Италија во Скопје, финансирани од страна на TAIEX, инструмент на Европската комисија.

Двајца експерти од Италија, еден од Англија и еден од Франција, имаа излагања од разните тематики поврзани со родовото насилство, како што се: законодавството во ЕУ, трговијата со жени, виктимологијата, човечката агресија и техниките на самоодбрана.

Во работилницата учествуваа како административен персонал, така и полициски службеници од Министерството за внатрешни работи.На завршната церемонијата присуствуваа италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и Помошник Министерот за внатрешни работи за ЕУ и меѓународна соработка, Сали Рамадани кои ги потврдија блиските врски на пријателство и соработка помеѓу Италија и Република Македонија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.