Се одржа „Види музика-слушни слика-добиј книга“

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, вчеравечер, во Градскиот парк во Скопје, го реализираа седмиот по ред мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА. На настанот, традиционално присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Како и секоја година, мултимедијалниот настан содржеше: концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантелеев од Република Бугарија,беа подарени 20.000 примероци од литературното дело Vita Brevis (писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин) од норвешкиот писател Јостен Гордер, којшто е автор на „Светот на Софија“, роман за историјата на филозофијата, печатен во 30 милиони примероци, но и на популарните дела од неговото перо како што се: „Божиќна мистерија“, „Ќерката на директорот на циркусот“, „Девојката со портокали“, „Замок во Пиринеите“ и многу други, а на две огромни платна со димензии 12 х 3 метри, се одвиваше ликовен меч на кој силите си ги одмерија етаблирани академски ликовни уметници .