Се огласи црногорскиот премиер кој беше турнат од Трамп (ВИДЕО)

Тоа беше безизлезна ситуација и никако поинаку не може да се објасни, порача премиерот Душко Марковиќ, коментирајќи го моментот во кој американскиот претседател Доналд Трамп го потурна за да застане во првиот ред во текот на вчерашниот самит во Брисел.

Премиерот на Црна Гора оцени дека Трамп заслужува да биде во првиот ред како лидер на најголемата светска сила.

– Сакам да кажам дека е нормално претседателот на САД да биде во прв ред. Црна Гора останува посветена на пријателството со САД – рекол Марковиќ на прес-конференцијата по средбата со лидерите за земјите членки на НАТО.

Тој вчера како што вели имал две прилики да поразговара со Трамп. Прво со него разговарал 20 минути а подоцна, за време на церемонијата на отворањето на новото седиште на НАТО, размениле неколку реченици.

Марковиќ кажал дека во оваа прилика се заблагодарил на Трамп за неговата поддршка и ратификација на Протоколот за пристапување во американскиот Сенат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.