Македонија

Се огласи Есма Реџепова, еве што се случило

Се огласи Есма Реџепова, еве што се случило

Есма Реџепова ја демантираше веста дека нејзината здравствена состој ба е влошена и дека била задржана во болница.

Демантот Ви го пренесуваме во целост:

Би сакала да ја деманирам веста дека Г-ѓа Есма Реџепова е префрлена итно во болница поради влошена здравствена состојба, како што е напишано во постот. Точно е дека Г-ѓа Есма  беше во клиничката болница „Систина“, каде што беше на рутинска, однапред закажана контрола. Го молам порталот и официјално да ја демантира оваа вест, која ја доведе во заблуда целата македонска јавност. Воедно, на обожавателите и почитувачите на Г-ѓа Реџепова ин потврдувам дека госпоѓата се чувствува одлично и со нетрпение Ве очекува сите за дочек на Нова Година да бидете на Плоштадот Пела во центарот на Скопје и да се дружите со неа и нејзината песна.

Со почит, Весна Ѓорѓиевска,

Менаџер на Есма Реџепова Теодосиевска