Се омажи Камерон Дијаз

Холивудската актерка Камерон Дијаз вчера во интимна церемонија во домот во Беверли Хилс, Лос Анџелес, се омажи со седум години помладиот рокер Бенџи Меден, од групата „Гуд Шарлот“.

Четириесет и две годишната Дијаз беше во врска со музичарот само седум месеци, но изјави дека е пресреќна што толку брзо го започнуваат нивниот заеднички пат низ животот.

Двојката на соседите им рекла дека имаат забава по повод „Златните глобуси“, а всушност на венчавката покрај нивните фамилии, присуствувале и многу познати колеги како Дру Баримор, Гвинет Полтроу, Никол Ричи, Рис Витерспун.