Се омажи Наташа Беквалац

Поп пејачката Наташа Беквалац во тајност се омажи со нејзиното момче ракометарот Љубомир Јовановиќ (33). Како што пишува српски „Курир“ венчавката се случила кон крајот на јануари годинава во Нови Сад.

Двојката веднаш по венчавката отпатувала на меден месец во Тајланд. Наташа и Љубомир склопиле граѓански брак, а венчавката поминала без многу помпа.

На свадбата присуствувале само кумовите и семејствата на невестата и младоженецот. Сведок од страната на пејачката, исто како и пред десте години кога се омажи за ватерполистот Данило Икодиновиќ и беше брокерката Драгијана Радонјиќ Петровиќ, а на ракометарот кум му бил еден пријател кој не и е познат на јавноста.

-Наташа носеше долг бел фустан, дизајн на нејзината сестра Кристина. Иако немаше многу луѓе, беше многу весело, а невестата и младоженецот блескаа. Набрзо потоа отидоа на Тајланд, а не сакаа да се знае дека тоа патување е меден месец, велат извори за „Курир“.

Пејачката и ракометарот почнале да се забавуваат за прв пат пред повеќе од три години, кога Наташа се разведуваше од нејзиниот прв сопруг, но врската траеше само неколку месеци. И покрај прекинот на врската, тие не се напаѓаа еден со друг и останаа пријатели, па врската се обнови на почетокот на минатата година. Сепак таинствената Наташа јавно проговори за своите чувства кон Љубомир пред неколку месеци. Таа тогаш ја најави и свадбата и откри дека би сакала да има и дете со него.

фото: kurir.rs