петок, 27 јануари 2017  |  Вести денес: 28

Се омажи поранешната сопруга на Путин

Људмила беше во брак со првиот човек на Русија повеќе од 30 години и со него има две ќерќи.

ljudmila

Последни вести

Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила се омажи по разводот со рускиот претседател во 2013 година. Нејзиниот нов избраник  е 37-годишниот Артур Очеретни, кој е на чело на една компанија со која раководи Људмила.

Људмила беше во брак со првиот човек на Русија повеќе од 30 години и со него има две ќерќи.

Информацијата за нејзиниот нов брак ја објави рускиот портал „Собеседник“ кој поседува и копија од имотниот лист на Људмила на кој го носи презимето на својот нов сопруг.

ljudmila 1

Артур Очеретни и Људмила се венчале на почетокот на минатата година, но јавноста за тоа дозна дури деновиве. Артур е на чело на Центарот за развој на интерперсонални комуникации, еден од проектите на неговата нова сопруга која веќе долго време работи на промоција на рускиот јазик и култура.

Потврдата на новиот брак на поранешната прва дама на Русија ја изнесе големиот критичар на Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални, кој наведе дека Људмила го променила презимето од Путин во Очеретни.

ljudmila 2

Рускиот претседател и неговата сега веќе поранешна сопруга соопштија дека се разведуваат преку видео-снимка објавена на руската телевизија во 2013 година.

– Тоа беше заедничка одлука, рече тогаш Људмила.

Владимир Путин оттогаш е во врска со 32-годишната поранешна гимнастичарка Алина Кабаева, а Људмила очгледно одлучила да тргне по стапките на поранешниот сопруг и да најде помлад партнер.

Најчитани вести