Се осветлува тунелот пред Катланово

Започна реконструкцијата и осветлувањето на тунелот пред Катланово, на автопатската делница Велес – Катланово.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил сподели видео на кое се гледа дека во тунелот веќе се поставени светилки.