Се откажуваат туристичките ангажмани за Македонија

Странците почнаа да ги откажуваат туристичките аранжмани за Македонија. Најголем дел од нив се посети на српски и бугарски туристи, објави ТВ „Алфа“.
Откако граѓаните и тамошните туристички агенции добија препораки од своите амбасади да избегнуваат патувања и транзит низ земјава значително се намалиле резервациите и се откажале договорените посети. Од Агенцијата за туризам велат дека странските амбасади, особено оние на земјите во регионот  дале такви препораки поради нестабилната политичка состојба во земјава и нападот во Куманово. Во овој момент клучно е правилно да се информира за случувањата во Македонија –

Од Агенцијата за туризам очекуваат министерството за надворешни работи да побара странските амбасади да ги повлечат ваквите препораки.
Холандската амбасада пишува дека постојат безбедносни ризици да се патува во Македонија особено до границата со Косово, северно од линијата Тетово – Скопје – Куманово, и до границата со Албанија, меѓу Струга и Тетово. Предупредуваат и да не се движат во близина на Владата, Собранието и Јавното обвинителство, поради секојдневните демонстрации и најавените протести во недела и понеделник.
Српската амбасада препорачува да не се патува во Македонија, а оние кои се враќаат од Грција да ги користат патиштата низ Бугарија.
На Словенците им се советува да избегнуваат присуство на поголеми собири, а оние што ќе патуваат редовно да ги следат соопштенијата на македонските власти.
Шпанија го посочи Куманово како област со висок ризик по последните случувања.
Британија, пак, соопштува дека посетите во Македонија се безопасни и дека повремените случаи на насилство не се насочени против странците, објави ТВ „Алфа“

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.