Се откажуваат туристичките аранжмани – странците во дилема дали да дојдат во Македонија

Ако до пред неколку месеци Македонија во реномирани странски медиуми беше презентирана како една од десетте туристички дестинации која задолжително треба да се посетат годинава, деновиве тие даваат целосно различна слика за нашата земја. Сега изобилуваат написи и репортажи за настаните во Куманово, подготовки за „обоена револуција“ и голема политичка криза, пишува „Нова Македонија“.

Ваквата слика предизвика само за неколку недели туристичките агенции од земјите од кои Македонија секоја година има гости да ги откажуваат аранжманите, поради што е неизбежен заклучокот дека актуелната политичка состојба во државава има негативно влијание врз туризмот.

Домашните туристички работници потврдуваат дека откако граѓаните и тамошните туристички агенции добиле препораки од своите амбасади да избегнуваат патувања и транзит низ земјава, значително се намалиле резервациите и се откажале договорените посети. Тие велат дека се можни големи загуби од откажувањето на туристичките аранжмани, како и дека и доколку продолжи овој тренд, оваа сезона ќе пропадне, пишува весникот.

Целиот текст прочитајте го тука.