Се отпуштаат уредниците на светски медиуми, Дуња Мијатовиќ без никаква реакција

Во изминативе неколку дена, два светски медиуми останаа без своите главни уредници, странува збор за американскиот „Њујорк Тајмс“ и престижниот француски весник „Монд“. И во двата случаи, како причина за нивното отстранување од работните места е проблемот со управите на компаниите.

Џил Абрамсон, е првата жена главен уредник на најтиражниот дневен весник „Њујорк Тајмс“. Таа беше отпуштена од издавачот Артур Шулцбергер, бидејќи побарала да биде платена колку нејзиниот претходник, кој бил маж.

„Уживав во мојата работа во Тајмс. Работев со некои од најдобрите новинари во светот, соопшти Абрамсон по отпуштањето од весникот во која помина две и пол години како главен уредник.

Натали Нугерет, пак, главната уредничка на „Монд“, доби отказ поради несогласувањата со раководството околу редизајнирањето на весникот и електронските апликации, како и бидејќи планирала вработување на 50 нови луѓе.

Интересен е фактот, што овие два медиуми го креираат мислењето на светската јавност, а сепак, ОБСЕ и неговата претставничка за слобода на медиумите,Дуња Мијатовиќ, никаде не се појави во јавноста, како што тоа често го прави на Балканот, дека се нарушува слободата на медиумите или пак дека се работи за полова дискриминација.

Во светот е многу нормално еден главен уредник денеска да е на позиција, а утре да биде без работа, единствено на Балканот, конкретно во Македонија тоа се смета за удар врз слободата на медиумите и начинот на нивното дејствување. Доколку оваа ситуација се пресликаше во македонските медиуми, веднаш опозицијата ќе стапеше на сцена, велејќи дека отказите се од политички прични, односно дека премиерот и Владата, не се согласуваат со уредувачката политика на медиумот и затоа е дојдено до нивна промена.

Па, како на Балканот, така и во светот, очекуваме наскоро Мијатовиќ, да излезе во јавноста и да соопшти дека тоа сепак била политичка, а не компаниска одлука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.