Се отстрануваат профилите од Facebook кои ги огласуваат украдените идентитети

Откако интернет портал Motherboard објави, раководството на најголемата социјална мрежа Facebook отстранил голем број сметки и страници коишто огласувале и продавале броеви на социјално осигурување, адреси, броеви на телефони и броеви на кредитни картички на повеќе десетици лица.

„Постовите коишто содржат информациите за броевите на социјалното осигурување или на кредитни картички на Facebook не се дозволени и ние го отстрануваме материјалот кога ќе го откриеме“, изјавил за Reuters во вторникот портпаролот на социјалната мрежа.

Порталот Motherboard извести дека хакерите огласувале приватни податоци на социјалната платформа, како и дека Facebook со години ги држел тие украдени идентитети.

По овој напис акциите на компанијата „Facebook“ паднаа за 3,8 отсто, на 159,58 американски долари, дополнителни по неодамнешниот случен скандал.

По скандалот со британската компанија „Cambridge Analytica“ којашто ги поседувала приватните податоци на десетици милиони корисници на Facebook кои ги користеле во политички кампањи, технолошките компании се под засилен надзор на јавноста и соодветните национални тела во поглед на заштитата податоци за нивните корисници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.