Се отвора третиот „Доминос пица“ ресторан во Скопје

Третиот Domino’s Pizza ресторан во Македонија ќе се отвори денеска во населба Аеродром, спроти Веро маркет.Бројот на вработени со овој трет ресторан ќе се прошири до 70.

На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Првиот ресторан на Domino’s Pizza во Македонија се отвори во септември 2012 година во центарот на Скопје (спроти гимназијата Јосип Броз), а вториот во декември 2012 во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

Domino’s Pizza е светскиот лидер во испорака на пици и карактеристично за него е што пиците ќе се испорачуваат во таканаречени „Heat Wave“ пакувања за да останат топли и свежи при транспортот, исто како да се послужени во ресторан.Квалитетот на пиците се должи на нивната уникатна подготовка и употребата на исклучиво свежи состојки произведени ексклузивно за Domino’s Pizza.

Синџирот ресторани Domino’s Pizza е основан во 1960 година. Преку неговите системи на франшиза, присутен е на 73 меѓународни пазари со повеќе од 11.000 ресторани. Секојдневно, ширум светот, повеќе од милион консументи уживаат во оваа пица.

Domino’s Pizza е признат во светот по својата брза и експедитивна испорака. Возачите на Domino’s Pizza поминуваат околу 10 милиони милји неделно само во САД, што е еднакво на 41 патувања до Месечината.
Секоја трета пица продадена во САД е на Domino’s Pizza.

Според магазинот „Форбс“, Domino’s Pizza е „Најдобра франшиза за цената“, односно најдобар бренд во областа на франшизите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.