Се ожени фудбалерот Марковски

Никола Марковски својата кариера, но и брачниот живот го продолжи во Австралија.

Прекрасната Николина која е од Австралија го освои неговот срце, но свадбата ја правеа во Битола, јавува порталот Во Бело.

-Во Македонија се прават најубавите и највеселите свадби и токму поради тоа и нашата ја правевме тука во Битола. Прекрасната црковна церемонија е во храмот на Св Димитрија, а журката продолжи со групата Фонтана, вели Николина.

fudbaler

Поранешниот фудбалер на Пелистер и 11 Октомври, неодамна потпиша едногодишен договор со австралискиот премиерлигаш Грин Гули од Мелбург и во наредниот шампионат на лигата во Викторија, Австралија ќе настапува за зелено-белите.

ФОТО: Во Бело