Се планира отворање на Центар за традиционална кинеска медицина

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Вен Џеншун.

На средбата се разговарало за предвиденото отворање на Центар за традиционална кинеска медицина во Република Македонија, со што ќе се овозможи размена на искуства меѓу македонските и кинеските лекари, едукација на кадри во областа на традиционалната кинеска медицина, како и соработка на Бирото за лекови со соодветната институција од фармацевтската дејност во Народна Република Кина.

Воедно, министерот Тодоров и амбасадорот Џеншун разговарале за можноста за организирање на посета на македонски лекари во повеќе кинески болници, со цел одблиску да се запознаат со процесот на лекување во здравствени установи во кои има голема фреквенција на пациенти на дневна основа.

Центарот за традиционална кинеска медицина се планира да се отвори во Штип, и истиот претставува резултат на добрата соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.