Се подготвува ли аболиција за Хилари Клинтон?

Можноста Хилари Клинтон да биде аболицирана е „ставена на маса“ уште во август 2015 година. Подржувачи на Хилари Клинтон сметаат дека само со превентивна аболиција од Барак Обама таа може без проблеми да ја заврши претседателската кампања.

Откако во јавноста беше објавена приватната e-маил адреса на Клинтон, таа во јавноста неколку пати ја изјасни својата невиност.

-Јас не испраќам класифицирани документи и не добивам исти, обележани како класифицирани, рече тогаш Клинтон.

Уште тогаш, идејата за аболиција на Клинтон била дискутирана зад затворени врати.

Американските претседатели низ историјата имаа абоицирано голем број на јавни личности, меѓу кои и политичари, а вкупната бројка достигнува 27.000 Американци.

Дури и денеска поддржувачи на Хилари Клинтон сметаат дека само со превентивна аболиција од Барак Обама, Клинтон која е кандидат за претседател може да ја заврши кампањата.

Џејмс Кими, кј е директор на ФБИ, неделава најави опсежна истрага за можни криминали во кои се појавува името на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон,нејзини политички советницисе убедени дека најдобра опција за неа е таквиот удар веднаш да биде спречен, што е можно ако Барак Обама и понуди превентивна аболиција за сите евентуални криминали кои е можно да ги сторила.

-За Хилари нема да биде најдостоинствено да прими помилување од претседателот но таа и нејзиниот сопруг во минатото минале и низ потешки скандали без да ја изгубат изборната база. Без помилување, сценаријата со кои таа се соочува се полни со непредвидливи опасности, вели анонимен извор изборниот штаб на Клинтон.

Оние кои ја поддржуваат оваа идеја се надеваат и сметаат дека Клинтонови би можеле да го убедат Обама за нејзино помилување Тоа би било нешто слично на она со кое Џералд Форд го даде за Ричард Никосн откако го замени во Бела куќа.