Свет

Се подготвува нова влада на Украина

Се подготвува  нова влада на Украина

По долги и крвави протести во Украина, премиерот даде оставка, а сега се очекува и назначување на нова Влада.

Нов кабинет може да биде назначен во најскоро време во Украина, соопшти в.д. премиерот Сергеј Арбузов.

„Ваков чекор ќе биде правилен, бидејќи ќе донесе сигурност кај граѓаните и инвеститорите, а нам ни требаат инвеститори“, рече тој.

На 28 јануари, претседателот Виктор Јанукович ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров и на владата, која продолжува да си ги извршува обврските. Според Уставот, таквата ситуација може да трае до 60 денови.

Арбузов посочи дека економските показатели не најавуваат дестабилизација на валутата. Тој дополни дека за подобрување на економската и финансиската ситуација треба да се скуси рокот за носење решение за нова влада.