Се подготвува план за прочистување на избирачкиот список

ДИК подготвува акциски план со кој ќе го прочистува избирачкиот список со три мерки: административна – комјутерска проверка, одење од врата на врата и анкета, пишува 24 вести. За планот допрва треба да се изјаснат партиските претставници во Комисијата за избирачки список.

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласија, од опозициските СДСМ и ДПА немаше претставници. Во краткиот допис до медиумите од СДСМ само информираа дека не присуствувале на состанокот бидејќи според нив е беспредметно да се дебатира парцијално, само за дел од 5 те точки кои тие ги бараат за да бидат теми на разговор со власта.

Според Бедредин Ибраими до крајот на 2014 година треба да бидат направени подготовките за сите три методи како и тоа колку секој од нив би чинел за подоцна да може да се произнесат и партиите но и членовите на ДИК . Од невладината МОСТ пак велат дека овие методи се меѓународно проверени и не треба ДИК да се стреми кон избор на само еден од нив.

Ова е прв работен состанок на ДИК по одржаните претседателски и парламентарни избори на кој се разгледуваше едно од најчувствителните прашања во изборниот законик односно прочистувањето на избиралкиот список кој предизвикува низа реакции кај експертската домаѓна и меѓународна јавност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.