Македонија

Се подновуваат основните училишта во Општина Карпош

Се подновуваат основните училишта во Општина Карпош

Учениците кои учат во основните училишта на територијата на Општина Карпош, наредната учебна година ќе ја започнат во целосно подновени училници.

Исто така, како што информираат од Општината, ќе се изврши и реконструкција на оштетената инфраструктура во самите училишта.

OBNOVENI UCILISTA SLIKA 1

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски истакна дека локалната самоуправа во 2011 и 2012 година со инвестиција од 5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Општината изврши целосна реконструкција на сите 10 основни училишта кои се под нејзина надлежност.

Правиме реконструкција на десетте основни училишта. Вкупната сума која ќе ја издвоиме за реализација на оваа активност околу 8. 100.000 денари. Фирмата која работи на три основни училишта е „Конструктор Ком“ ,  додека на останатите седум е фирмата „Раритет“. Реконструкцијата е предвидена да заврши целосно до 25 август, што значи дека  основците  од  Општина Карпош ќе влезат да учат во целосно нови  бојадисани и обновени училници и училишта на почетокот на новата учебна година.  Со тоа практично сакаме да создадеме најдобри услови за учење на нашите најмлади жители на Општината, и вакви реконструирачки зафати ќе практикуваме  да ги вршиме секои две до три години во сите училишта на територијата на Општина Карпош, прецизираше првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски.