Се појави карта на Голема Црна Гора

Откако во Белград беше развеано знамето на „голема Албанија“, на социјалните мрежи на интернет хит стана картата на „Голема Црна Гора“.

Судејќи според новите „граници“, „голема Црна Гора“ ќе им ги “измеша конците“ и на „голема Албанија“ и на „голема Србија“, пишува порталот на Радио телевизија Црна Гора. „Гплема Црна Гора“ како што можи да се види зафаќа еден голем дел од соседна Албанија, Србија, Косово, Македонија и еден дел од Бугарија, а “идеолозите“ ја припоија и Хрватска, БиХ, Словенија, по еден дел од Унгарија и Австрија, па се до Италија и Франција.

Ова карта на „голема Црна Гора“, се разбира дека е шега, направена од „идеолози“, после инцидентот на натпреварот Србија-Албанија, кога беше развеано знамето на „голема Албанија“.