понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 77

Се покачуваат цените на горивата

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

горивата

Поврзани вести

Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC  се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на  курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Најчитани вести