вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 20

Се помали шансите за нова левичарска влада во Германија

Според истражувањето спроведено од институтот ФОРСА на барање на магазинот „Штерн“ и телевизијата РТ, германските Зелени имаат најмал рејтинг од само 6 отсто, што е нивна најмиска доверба меѓу граѓаните во последниве 15 години, со што заминувањето на Меркел од Владата е речиси исклучено.

germanija-izbori

Последни вести

Шансите по септемвриските избори во Германија на власт да дојде нова левичарска коалиција составена од Социјалдемократската партија на Германија (СПД), партијата Левица и сојузот Зелени, се се помали, покажуваат анкетите на јавното мислиење.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според истражувањето спроведено од институтот ФОРСА на барање на магазинот „Штерн“ и телевизијата РТ, германските Зелени имаат најмал рејтинг од само 6 отсто, што е нивна најмиска доверба меѓу граѓаните во последниве 15 години, со што заминувањето на Меркел од Владата е речиси исклучено.

Лошиот тренд на Зелените се потврдува и во анкетата на агенцијата ИНСА која пак измерила 6,5 отсто рејтинг на либерлната Слободна демократска партија (ФДП), која е традиционален партнери на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, но на последните избори не успеаа да освои минимум пет проценти од гласовите и да влезе во Сојузниот парламент.

Кај големите партии нема промени. Коалицијата на ЦДУ со сестринската Христијанско социјална унија (ЦСУ) има 36 отсто поддршка, СПД 30 проценти, а Левицата и во двете анкети има 9 проценти рејтинг.

Антиисламската националистичка партија Алтернатива за Германија (АФД), која во екот на бегалската криза стигна до 15 отсто поддршка, сега според ФОРСА има 8, а според ИНСА 9 процнети рејтинг.

Во последниве некоку месеци кога според некои анкети СПД дојде во водство пред ЦДУ/ЦСУ, а заедно со левите партии и до близу подддршка од 50 проценти од гласoвите, дел од германските аналитичари говореа за нова левичарска коалиција на власт.

Во тој контекст дури беше одржана и средба на пратеници од СПД, Левицата и Зелените во Бундестагот, но по падот на рејтингот на сите три партии, доколку нема драматични промени кај електоратот, по 24 септември Германија повторно ќе добие „Голема коалиција“ најверојатно предводена од актуелната канцеларка Ангела Меркел.

Најчитани вести